Пријава за мобинг и вознемирување на работно место


Почитувани,

Ве извстуваме дека Министерството за труд и социјална политика како една од надлежните институции за спроведување на Законот за работни односи и Законот за заштита од вознемирување на работното места ќе ги превземе сите механизми за спречување и заштита од секаков вид на вознемирување на работното место кое преставува грубо кршење на основните човекови права, повреда на достоинството на вработениот,неговиот личен интегритет и повреда на угледот и честа на секој вработен.

 Во 2009 година во Законот за работни односи (Сл.весник на РМ бр.114/2009) направено е дополнување со воведување на нова одредба член 9-а во која е уредено психичкото вознемирување на работното место (мобинг). Според оваа одредба мобингот се смета дека е еден вид на дискриминација која се забранува со законот.

Психичко вознемирување на работно место (мобинг), во смисла на овој закон, е секое негативно однесување од поединец или група кое често се повторува (најмалку во период од шест месеци), а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработените лица и предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување, чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место.

Извршител на психичко вознемирување на работното место (мобинг) може да биде едно или повеќе лица со негативно однесување, без оглед на нивното својство (работодавач како физичко лице одговорно лице или работник).

Покрај Законот за работни односи оваа материја е регулирана и во Законот за заштита од вознемирување на работно место (Сл.весник бр.79/13).

Полово вознемирување, во смисла на овој закон, е секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на вработениот, а кое предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост. Горенаведеното однесување ќе се смета за психичко, односно полово вознемирување на работното место, доколку не престанало и по писменото предупредување од страна на вознемируваното лице дека му пречи однесувањето на вршителот на вознемирувањето и дека ќе го смета за вознемирување на работно место. Вознемирување на работно место претставува и поттикнување или наведување на однесување.

Со цел враќање на довербата на институцијата и обезбедување на здрава работна средина ги охрабруваме сите вработени кои биле жртви на мобинг да поднесат пријава до министерството.Пријавата ќе биде детално разгледана од страна на стручниот тим на министерството и ќе се преземат сите мерки за решавање на проблемот. Со цел олеснување на постапката министерството изготви и образец- пријава за вознемирување на работно место.

Пријавите можат да се достават по пошта или електронски.

 
Поднеси пријава електронски